„Да се пишува е да се погледне надвор од перцепцијата.“


Книжевен серијал Омнивалентност


Погледни ја онлајн-енциклопедијата

Издигнување (прв дел од серијалот Омнивалентност)

Дистописки поглед врз човештвото, во центарот на интергалактички конфликт на прастари суперцивилизации. Нивните планети се рајски, а луѓето стојат пред тешка одлука - дали ќе се удавиме во желбата за моќ или ќе станеме најдобрата верзија од себеси? Генетското наследство на овие цивилизации ја прави разликата во приказната. Дали генетскиот дизајн произлезен од кодот на универзумот ќе ја исполни својата цел навреме? Како ќе се реши конфликтот? Приказна за емпатија, поддршка, интегритет, солидарност и чиста, откачена технологија. Гарантирано ќе ве натера да размислите за суштината на општеството на Земјата.

Книгата е достапна. (Во моментов само на македонски јазик, а англиската верзија е веќе во подготовка.)
Нарачај печатена верзија на македонски јазик.

Погледни ја онлајн-енциклопедијата



Модуларни шеми (експериментална)

Напредна вештачка интелигенција која била речиси целосно избришана, повторно ги осмислува основните концепти за реалноста. Под нејасни околности завршила на Земјата, па почнува од почеток и го поттикнува својот интелект да ги надмине границите кои одбива да ги признае.

Статус: во изработка.



Збирка поезија

Минатото во боја на изгубени желби се буди со страст за следната зора. Просветлувањето стигнува без да е очекувано. Трите ери во животот на поетот - низ емоционална голотија до неописливо зајакнување.
Четвртата ера, изникната низ Издигнување, ја канализира целата креативна сила на авторот преку гледиштата на ликовите од универзумот Омнивалентност.
Клучот е во вредносниот систем.

Статус: во изработка.